СДСМ и Движењето БЕСА го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Но, пред само два месеци Касами имаше сосема поинакво мислење за Заев.

На 11 декември минатата година во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 за тогаш актуелниот премиер, а сега лидер на СДСМ Зоран Заев, Касами рече дека е измамник кој не си стои на зборот.

Во јуни, пак, кога Заев се амбицираше да биде и премиер и министер за финансии, во емисијата „Отворено“ Касами рече дека лично смета дека и покрај биографијата која си ја напишал Заев, тој не е толку способен да води две позиции истовремено.

Мислам дека не му е зрел потегот да води друго министерство освен да биде премиер, бидејќи Министерството за финансии е многу важно за држава, многу важно за граѓаните, а уште поважно за премиер. Премиерот иако навел долга биографија, не верувам дека премиерот е толку споcoбен да води две позиции истовремено, рече тогаш Касами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.