Нашиот политички противник ќе победи во шест општини, ќе добие шест градоначалници, а коалицијата предводена од СДСМ ќе има најмалку 22 градоначалника во првиот круг или 3,5 пати повеќе. Резултатот ќе биде 22:6 во првиот изборен круг. Слушајте ме внимателно, добро сум информиран, изјави лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, на 13 октомври еден од завршните митинзи на СДСМ во Автокоманда.

Четири дена подоцна: 

Дејан Владев е новиот градоначалник на Свети Николе, велат првичните партиски информации од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив победа во прв круг доби и Штип, каде победил Иван Јорданов. А Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Велес. Победа во прв круг ВМРО-ДПМНЕ прогласува и во Кавадарци. Неофицијално, победа во прв круг на кандидати на ВМРО – ДПМЕ прогласува во најмалку 20 општини. Според информации на ВМРО-ДПМНЕ, извојувале победа во следниве општини: Свети Николе, Кратово, Градско, Могила, Новаци, Јегуновце, Босилово, Петровец, Прилеп, Виница, Карбинци, Пехчево, Гази Баба, Сопиште, Зрновци, Илинден, Аеродром, Кисела Вода.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.