Зоран Заев бега од лидерска средба затоа што ќе мора да се соочи со сите овие штетни политики кои што се негово секојдневие, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања од граѓаните на LiveChat на Фејсбук.

Мицкоски истакна дека Заев никогаш не би сакал да се договара со Македонците, туку тој повеќе би сакал да бара сојузници во некои други народи.

Не сака да преговара со Македонците затоа што губи, како што губи во преговорите со другите. Тој бега од лидерски средби затоа што во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ ќе губи Заев, а ќе добиваат Македонците. Тој е навикнат да губи во наше име, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека таков пример е актуелниот договор за добрососедство кој се одрази така што Бугарија бара измени, со цел асимилација на македонската нација.

Доколку навистина биде прифатено од страна на СДСМ и Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла на зборот е Македонец, а како националност, односно нација, е Бугарин, тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на современата македонската држава, понижување, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека такво прифаќање ќе биде на одговорност на Зоран Заев и СДСМ, а следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ таа одлука ќе ја поништи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.