Премиерот Зоран Заев смета дека ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата на Собранието со инсистирањето седниците да се одржуваат по сите протоколи во живо, наместо онлајн како што бара тој и неговата партија СДСМ.

Вечерва преку ФБ, премиерот Заев порача дека бегањето од онлајн седници е бесмислено:

– Обидите да се блокира работата на Собранието, во услови на светска пандемија од КОВИД-19, не е политика. Тоа е опасно, срамно и неодговорно однесување.

Очигледно Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на свој став, мерка, предлог или политика сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата.

Се обидуваат да блокираат носење на закони среде пандемија со коронавирусот, меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари, за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и филмски работници, како и мерките за помош на лозарите.

Апелирам да се повлече ова бесмислено ставање сопки и кочење на работата на Парламентот и да се прифати можноста, како и насекаде во светот, за онлајн работа на далечина.

Македонскиот народ и сите граѓани имаат потреба од функционално Собрание.

Секоја политичка партија треба да ги застапува интересите на граѓаните.

Упатувам порака да се преиспитаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и да одлучат, дали за нив, послушноста кон Мицкоски е поважна од граѓаните.

Ние сме решени. Реформите мора да продолжат, како и поддршката на државата за своите граѓани, особено во ова тешко време.

Граѓаните ќе добијат функционално Собрание.

Реформите важни за државата, за граѓаните, нема да застанат.

Напредокот ќе продолжи, помошта за граѓаните и економијата во справување со вирусот ќе продолжи, пишува премиерот Заев на ФБ.

Обидите да се блокира работата на Собранието, во услови на светска пандемија од КОВИД-19, не е политика. Тоа е опасно,…

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, 1 December 2020

На ова инсистирање на Заев, одговори Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сликовит одговор до Заев и пратениците од СДСМ/ДУИ за неуставното барање на online пижама седници на Собранието! напиша Милошоски.

Сликовит одговор до Заев и пратениците од СДСМ/ДУИ за неуставното барање на online пижама седници на Собранието!

Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, 1 December 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.