Во врска за решение за наследник на специјалната обвинителка Катица Јанева, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва повика дека за тоа брзо треба да се реагира согласно законите за вршител на должност специјален јавен обвинител.

Премиерот го повика и Советот на јавни обвинители да постави в.д. специјален обвинител и се надева дека тоа ќе го сторат за неколку дена.

Кога беше разрешен Марко Зврлевски, а пред да биде назначен Љубомир Јовевски, Советот на јавни обвинители назначи вршител на должност јавен обвинител. Не постојат законски пречки и во овој случат тоа да го сторат – додаде Заев.

Тој апелира и до ВМРО-ДПМНЕ и до СДСМ да ги приближат ставовите за законот за Јавно обвинителство.

Тоа е уште една причина повеќе особено за политичарите час поскоро да го донесеме законот за Јавно обвинителство. Ги охрабрувам сите и во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ, брзо да продолжат со работа, бидејќи деновите се броени, а законот веќе е доставен во Собранието во вторник, а мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Имаме капацитет како држава овој закон да го донесеме, дополнителна причина е што СЈО е обезглавено, и е причина повеќе институциите на системот да продолжат да работат – рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.