Зоран Заев попладнево ги пречекал српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, кои ќе учествуваат на главниот панел на Регионалниот економски форум што ќе се одржи утре во Скопје.

-Попладнево им посакав добредојде на претседателот на Србија, Вучиќ и на премиерот на Албанија, Рама после што имавме заедничка прошетка по новиот скопски кеј, каде домаќин ни беше градоначалникот Шилегов. Разговаравме и со граѓаните во центарот на Скопје, како најава на Економскиот форум за регионална соработка кој првпат се одржува во … Македонија, како и за отворањето на нови перспективи за нашето поврзување, напиша премиерот Заев на својот фејсбук профил.

Балканот, пишува тој, е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите.

-Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи, напиша Заев на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.