Албанскиот јазик стана официјален јазик на целата територија на Република Македонија, и  по стапувањето на сила на уставните промени ќе бидат сменети сите табли со името Македонија, на кои покрај на македонски, името ќе биде напишано и на албански, рече вчера премиерот Зоран Заев во интервју дадено за емисијата „Пресинг“ на регионалната телевизија Н1.

Денеска кога го давам ова интервју на владина седница дадов насоки веднаш штом Уставот стапи на сила да започне промената на сите табли на нашите амбасади во целиот свет, да се променат сите табли на нашите автопати, на граничните премини, на сите институции во нашата земја, дури и на оние институции каде што има 20 проценти на граѓани да бидат плус на албански јазик, рече Заев.

Заев додаде дека освен на македонски јазик Влада на Република Македонија ќе биде напишана и на албански јазик, односно како што рече тој сите табли на автопатите и граничните премини ќе бидат на албански јазик согласно Законот за двојазичност, каде што покрај македонскиот јазик и албанскиот јазик стана официјален јазик на цела територија на државата.

Овде пред влада ќе биде Република Македонија, на македонски јазик и на албански јазик. На граничните премини има табли на македонски, на англиски и француски, но ќе биде уште и на албански јазик на онаа територија на општини каде што Албанци се повеќе од 20 проценти, дефинирано со законот за употреба на јазиците, вели Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.