Верувам дека Комисијата ќе гледа на позитивниот аспект, низ позитивна призма, како да се гради мостови на соработка, пријателство и слично. Тука е филозофијата оти прашавте што е проблемот таму. Проблемот е различни погледи во светот. Мора да гледаме на ова како мост на соработка. Не да го присвојуваме!- нагласи премиерот Зоран Заев гостувајќи во емисијата „Само интервју“.

Заев додаде дека не треба Гоце Делчев да се присвојува како Македонец, бидејќи тогаш иднина и соработка со Бугарија нема.

Ако ние го присвоиме да биде само Македонец Гоце Делчев, нема решение со Бугарија – истакна Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.