Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во изјава од денешниот хуманитарен базар порача дека би седнал да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Законот за Јавно обвинителство ако работните групи на двете партии ги доближат ставовите.

Нашите работни групи работат на изборниот законик и верувам дека и тоа ќе го завршиме. Ова е важна работа за државата. СЈО нема веќе, предметите се осигурани од државниот обвинител. Треба да се донесе овој закон, ако не пред изборите, тогаш после нив. Ако треба јас и Мицкоски заедно ќе седнеме. Верувам дека ќе најдеме решение – истакна Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.