Премиерот Зоран Заев најави дека ако не бидат изгласани уставните амандмани во Собранието, ќе следува Централен одбор на СДСМ на кој биде понесена одговорност.

Деновите се броени, денеска треба да се гласа првиот амандман, ако не се гласа, одговорноста ќе си ја понесеме сите за процесот. Ако се изгласа среќата ќе ја споделиме. Ако нема мнозинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ние ставивме сѐ на оваа карта. Верувам до небото во овој процес, од непроценлива важност е за сите граѓани. Но на крај одговорноста е на пратениците – изјави Заев во пресрет на вториот ден од собраниската расправа за уставните амандмани.

Тој додаде дека на самиот акт на гласање, односно дека со првиот амандман ќе се знае дали е обезбедено 2/3 мнозинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.