Ако Јавното обвинителство некаде покажеше и докажеше вина за бегството, јас ќе преземев мерки, ќе разрешев кој и да треба. Груевски беше слободен човек во тој момент, излегол од својот дом, излегол на автопатиштата и ја поминал границата преку Албанија – рече вечерва во интервју за ТВ 24 премиеирот Зоран Заев, објаснувајќи дека никој не одговарал за бегството на Никола Груевски затоа што за никого не била утврдена вина.

Според Заев, Обвинителството имаше соопштение во кое кажа дека истрагата не потврдува докази за одредена вина за одредени ситуации.

Не можете на слободен човек да му ја ограничите слободата со репресивни мерки за да оневозможите да бега. Секој граѓанин за нас е еднаков за нас. Тогаш сме можеле незаконски да го следиме, да го прислушуваме. Ако значи дека треба да поставиме војска на секој метар… , рече вечерва Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.