Вработените во админстрацијата се во ќар, затоа што немаше каде да ги трошат парите, дури и заштедија по 15.000 денари од својата плата, вели веселата математика на Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ во денешната „Топ тема“ на Телма ги критикуваше вработените во администрацијата дека не биле солидарни.

25.000 денари зема еден административец, 6.000 денари во просек враќа кредити, 19.000 денари ги трошиме, сега во април месец 10.000 денари е потрошувачката од тие 25.000 денари затоа што седиме дома, нема каде да ги истрошиме, трошиме за јадење, плаќаме сметки, но потрошувачката е 10.000 денари, сега 15.000 денари испаѓа дека некој ќе ги ќарел во овој период, вели Заев.

Заев вели дека тоа не било солидарно, сè што имале како ќар вработените требало да се потроши, сè што имало требало да се потроши, за да, како што вели, врти денарот.

Македонија ќе биде земја којашто ќе има најнизок импакт на економијата од корона кризата, спротивно на анализите од страна на економските експерти, вели оптимистички Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.