Во разговорот потврдуваат дека во местењето е вмешан и тогашен претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, обезбедуваат ревизија преку ред, и укинуваат пресуди. Сега веќе е јасно дека нема владеење на правото и правната држава. Ќе се уверите лично, во директна спрега на релација власт-правосудство.

Вака зборуваше Зоран Заев на 15 февруари 2015 година, кога СДСМ беше во опозиција и објавуваше таканаречени бомби. Денеска Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ објави снимка на која која може да се слушне гласот на Зоран Заев кој целосно оркестрира со одлуките на Катица Јанева и Врховниот суд.

Од аудиото се дознава дека постои врска помеѓу Врховен суд, СЈО и Катица Јанева и договарања за да паднат предметите. Заев ги споменува и бегствата кои беа актуелни прво на Кочан, а потоа и на Груевски.

Зоран Заев признава дека се договарал со претседателот на Врховен суд Јово за да паднат предмети кои ги води Катица Јанева.Еден од начините тоа да се случи бил преку законот за СЈО, а ако не се случи тоа Заев вели трас – трас готово одлуката на Врховен суд ќе биде донесена.

Тој посочува дека Јанева цело време знае дека така треба да биде и така се однесува во својата работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.