ВМРО-ДПМНЕ демантира дека УМС или пак ВМРО-ДПМНЕ стојат зад Фејсбук каналот кој објавил видеоснимка од палењето на бугарското знаме, а ја пренесе Нова ТВ и некои други провладини медиуми.

Во текстот на Нова ТВ со наслов „ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба го запали бугарското знаме?“, каде се гледа поединец кој пали знаме, а за тоа самиот портал го обвинува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, од партијата нагласуваат дека тој Фејсбук канал е формиран пред еден ден и очигледно има намера да го отргне вниманието на јавноста од катастрофата во здравството и политичката криза по добивањето на ветото од источниот сосед.

Станува збор за шовинистички и удбашки методи кои ги спроведува власта и кој се насочени кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Одговорно тврдиме дека зад ваквата конструкција стои власта на Зоран Заев и ова е една капка од морето невистини и дел од клеветничката црна пропаганда против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Таа црна пропаганда е насочена кон Мицкоски зошто тој е најголемата закана за измамникот Заев и СДСМ. Одговорно тврдиме дека пред да се објави оваа лажна вест не е контактирана ВМРО-ДПМНЕ за став. Бараме повлекување на веста и извинување од порталот во спротивно ќе бидеме приморани да покренеме соодветна правна постапка. Очигледно црвениот телефон од владата е вжештен и нападите и цензурата се секојдневие, посочуваат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.