Денеска провладините медиуми објавија анкета која ја спровела компанијата за истражување и развој „Стратум РД“. На ова истражување води коалицијата на СДСМ и Беса пред ВМРО-ДПМНЕ. Во албанскиот блок пак според оваа анкета води ДУИ пред Алијансата за Албанците.

Но, она што е поважно е што и за ова истражување, како и за претходното истражување на „Брима галуп“ од пред неколку дена нема наведено кој е нарачател и за чии потреби е изработено. Ова се прави со единствена цел да се манипулира со гласачите пред избори дека власта има предност иако се свесни дека реалноста е поинаква.

 

Но, дури и во такви услови бројките на „Стратум РД“ не се поклопуваат. Кога ќе се собарат бројките за поддршка на партиите, вкупната бројка излегува дека е поголема од 100 проценти. Па така, во стилот на Амди Бајрам збирот на поддршка која ја имаат партиите е 101 и 102,5 посто.

Очигледно е дека оваа агенција е поврзана со СДСМ и власта. Тоа пред две години го објави и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Фирмата „Стратум Рид ДООЕЛ Скопје“ чиј сопственик Весна Кузмановиќ која добила грант, иако била ангажирана од Фондот да биде консултант да им ги пишува предлог проектите на другите фирми кои што аплицирале.

 Тоа значи дека ем била ангажирана да помага во пишување проекти за други фирми кои конкурирале за грант од Фондот, ем добила грант за сопствената фирма-откри  тогаш Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.