Со промената на власта во 2017 година, и за медиумите, и за граѓаните се случи преврт во медиумскиот етер. Денес, за пробивот на вести и за привлекувањето на интересот на јавноста, на отворен етер подеднакво се борат и владата, и опозицијата, и бизнисите, и граѓанскиото општество. Нема веќе подредени и привилегирани медиуми, ниту нарачани вести, вели во интервју за „Локално“ националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец.

За Забрчанец сликата во медиумите е подобрена откако е национален координатор за стратегиски комуникации на Владата.

Со промената на власта во 2017 година, и за медиумите, и за граѓаните се случи преврт во медиумскиот етер по повеќе основи: запре репресијата, диктирањето и контролата, а на јавната сцена доминираат слободата на мисла и на изразување, гласната критика и натпреварот на мислења, идеи и аргументи. Запре неконтролираното трошење буџетски пари со цел владино рекламирање и со скриена цел корумпирање на медиумскиот пазар. Денес, за пробивот на вести и за привлекувањето на интересот на јавноста, на отворен етер подаеднакво се борат и владата, и опозицијата, и бизнисите, и граѓанскиото општество. Нема веќе подредени и привилегирани медиуми, ниту нарачани вести.

Денес, медиумите во владата можат да најдат партнер кој е лидер по отвореност и транспарентност во регионот. Ако порано властите криеја информации од јавноста и беа оценувани како затворени власти кои водат заробена држава, денес во Македонија имаме отворена Влада која самоиницијативно ги отвора податоците и ги задолжува своите функционери на задолжителна отчетност за трошењето на народните пари – така постапува Влада која води демократска и европска држава.

За жал, се уште имаме сериозни предизвици пред нас, како говорот на омраза, дезинформациите и нападите врз новинари, како и економско-социјалниот статус на медиумските работници, за што сите заедно треба да продолжиме да создаваме услови за решенија, вели Забрчанец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.