По веста дека другарот Мухамед Зекири има позитивен Ковид-19 тест, на препорака на епидемиолозите од денес сум во домашна самоизолација, соопшти националниот кординатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец на „Фејсбук“.

Со Зекири бев на состанок одржан во четвртокот попладне, на 1.5 м растојание, со заштитна маска и со сооветна дезинфекција пред и после состанокот. Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата. На Мухамед и семејството им посакувам брзо оздравување. Сите да ги почитуваме доследно мерките и препораките на епидемилозите и на тој начин да се заштитиме самите себе и сите околу нас, напиша Забрчанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.