Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на премиерот Заев, во разговор за „Фокус“ вели дека акцискиот план беше предложен и изработен и поради случајот со пранкерите во која е пробиена безбедносна заштита особено со премиерот Зоран Заев.

Деновиве се актуелизираа многу теми поврзани со „Предлог планот за одлучна акција против ширење дезинформации“ којшто го изработи Владата, во најголем дел од фелата и јавноста реагираа зошто е изработен од Владата, а не од невладиниот сектор или медиумите, потоа беше кавалификуван како цензура или спречување на слобода на говор, сепак повеќето се согласни дека дезинформациите ги имаме секојдневно и треба да се бориме со нив, протоколите во институциите треба да се почитуваат, но треба да се одберат вистинските начини на спроведување на истите, се главните коментари на фелата.

Ова не е план што ќе ги цензурира медиумите, туку план со цел заеднички институциите, медиумите, организациите, невладините, медумските здруженија, секој во својот домен, заеднички да помогнат во пласирање на вистинска информација и борба против дезинформациите. Сакаме да бидеме партнери со граѓанското општество, а не да ја цензурираме слободата на говор, вели за „Фокус“ Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на премиерот Заев.

Според него тоа е јасен протокол за комуникација од страна на институциите кои дополнително по разговорите со граѓанскиот сектор, новинарските организации, невладините организцаии ќе биде утврден истиот и ќе почне да се применува.

Сензитивни информации значи и квалифицирани информации и лични податоци, информации кои не би требало да се објавуваат неконтролирано, зајакнување на протоколите за комуникација кои јасно се дефининирани и се наведува начинот на нивна дистрибуција до јавноста. На пример доколку се побара менаџерски договор преку Агенцијата за слободен пристап на информации, пред да се испрати документот треба да се заштитат личните податоци, а да останат видливи само податоците од јавен интерес, објаснува тој.


Целиот текст ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.