Советникот на премиерот за медиуми Марјан Забрчанец не може да објасни како дејствува Владата на сузбивање на ширењето лажни вести кои произлегуваат од партиските штабови на СДСМ.

На неколкуте конкретни прашања на Република во врска со веста членот на СДСМ од Општинската организација на Прилеп, Виктор Азманоски, како главен и одговорен уредник на интернет-страницата „Револуцинер.пресс“, објави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во стан во Будимпешта добил милион и шестотини илјади евра и строги инструкции од руски дипломати, Забрчанец нè охрабри да застанеме на страната на демократијата.

Советникот Забрчанец не ѝ одолеа на практиката владини функционери јавно да ги објавуваат одговорите на новинарските прашања на Република, па пред да го објавиме овој текст, далеку од етичките норми, тие веќе беа на Фејсбук. За советникот да стекне доверба во нас, а и да се увери дека сме на истата страна на демократијата, нашите прашања и неговиот одговор го пренесуваме во целост.

Одговорот на Забрчанец

Владата на Република Северна Македонија се противи и дејствува на сузбивање на појавата на создавање лажни вести и нивно организирано ширење кое има за цел да се дезинформира населението. За таа цел, Владата креираше предлог акциски план за справување со дезинформациите, согласно кој сите чинители во општеството, во рамки на своите надлежности се повикани да преземат одговорност и да се спротистават на оваа негативна појава во нашата демократија. Мерките од акцискиот план се јавно достапни и повеќе пати презентирани и дискутирани во јавноста, а подразбираат кревање на свеста кај граѓаните, воведување медиумска писменост во образованието, поддршка на процесот на саморегулација во делот на порталите и соработка со професионалните медиумски организации и сервисите за проверка на факти.

Го охрабруваме и Вашиот портал и сите медиуми во нашата земја кои можеби имаат дилеми дали да застанат на страната на демократијата, да најдат причини и начини да се приклучат кон оваа иницијатива на демократските сили во општеството која се противи на намерите да се манупулира со граѓаните.

Борбата со лажните вести во нашата земја е автентична и сеопфатна и не прави разлика по политичка, партиска или каква било друга припадност.

Прашањата на Република кои останаа неодговорени

1. Во последноит месец во јавноста поинтензивно се пласираат лажни вести поврзани со работата на Владата или на некои владини функционери, но од Владата нема реакција. Владата или владини функционери досега реагирале на вести објавени на Република и ги етикетирале како лажни вести, но сега молчат. Дали молкот значи дека битката против лажните вести е лажна, непринципиелна и селективна?

2. Дали започна со работа Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата и како и кога ќе реагира на напливот од лажни вести, вклучувајќи ја и последната за наводен поткуп на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

3. Нашите прашања се однесуваат конкретно на овие веести, за кои имаме пишувано.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vlasta-e-vo-panika-od-pretstojniot-poraz-kradenjeto-i-shirenjeto-na-lazni-vesti-e-verojatno-edinstvenoto-na-shto-e-posvetena/
https://republika.mk/vesti/makedonija/za-lutiot-ahmeti-vladinite-dodvoruvachi-ja-obvinija-opozicijata-deka-shiri-lazni-vesti/
https://republika.mk/vesti/makedonija/lazna-vest-na-sdsmovski-portal-vo-penzija-kje-se-odi-na-64-godini-a-ne-kako-dosega-na-67-godini/
https://republika.mk/vesti/makedonija/panikata-na-zaev-nebulozi-ragja-provladin-medium-ekskluzivno-so-lazni-vesti-od-liderskata/

Додека ги чекаме одговорите на новинарските прашања испратени од нашата редакција вчера, дојдовме до нови информации во врска со вчерашната тема за лажната вест објавена на некои портали дека Христијан Мицкоски наводно зел 1.6 милиони евра од руски дипломати.

Имајќи ги предвид вашите и заложбите на Владата за борба со лажните вести и искуството со вас дека Република често била изложена на ѕидот на срамот како сејач на лажни вести, ве молам за коментар на информациите објавени денеска дека лажната вест за Мицкоски доаѓа директно до партиското седиште на СДСМ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/laznata-vest-za-ruskiot-milion-na-mickoski-vodi-direktno-vo-sdsm/

1. Дали вие како советник за медиуми на премиерот и Владата, односно Министерството за комуникации, транспарентност и отчетност ја осудувате оваа вест и дали ќе преземете мерки против порталите и партијата СДСМ за ширење на оваа лажна вест?

2. Какви мерки ќе преземе Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата?

Одговорот на Забрчанец

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.