рвиот заболен пациент од коронавирус во Валандово, кој беше регистриран вчера, моментно се лечи на Одделението за пневмофизиологија во болницата во Битола, каде бил примен на 17 април.

Валандовчанецот има 64 години и е во добра здравствена состојба. Го очекува тестирањето кое ќе биде направено по 14 дена од неговиот прием во болницата.

Градоначалникот Перо Костадинов на својот ФБ профил објави дека пациентот, по враќањето од странство, бил спроведен во државен карантин каде што ги покажал и симптомите на болеста.

Тој апелираше до сограѓаните да бидат емпатични и да избегнуваат непотребно создавање паника, а на инфицираното лице му посака брзо и лесно оздравување

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.