На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија континуирано се одвива работниот процес и во услови предизвикани од пандемијата со Kовид-19.

Во периодот од крај на март, до денес се изведени над 500 хируршки интервенции, а амбулантски се прегледани повеќе од 2000 пациенти.

На клиниката, во моментот, нема листи на чекање за третман на пациентите со малигни болести. На оваа клиника се лекуваат и пациенти со повреди на дланка, мекоткивни и термички повреди, состојби кога е потребен итен хируршки третман и тие се третираат на клиника како пред пандемијата, така и сега за време на Kовид-19 – велат од клиниката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.