Собранието направи чекор кон враќање во нормала од воведувањето на првите мерки против пандемијата. По повеќе од две години работење под посебни услови и протоколи, законодавниот дом почна да применува полабави правила.

Од почетокот на пандемијата и спроведувањето на протоколите, работата на медиумите во Собранието беше отежната. Немаа пристап до сите сали во кои се одржуваа седниците на комисиите.

Но, во салата Македонија, позната како просторија број 1 каде што се одржуваа пленарните седници, во моментов се вршат технички поправки, се поставува нова опрема за гласање и за стенограми. Пленарните седници на кои се носат закони се одржуваат во свечената сала која беше преадаптирана за таа намена на почетокот на пандемијата.

Законодавниот дом беше критикуван и од здруженијата на новинари за ограничување на пристапот на медиумите до неговата работа и за недостигот на транспарентност за тоа што се случува, особено при дебатите на работните тела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.