Од СДСМ очекуваат надлежните институции да го разоткријат случајот со незаконското снимање, но и емитување на снимка која предизвика реакции и барање оставка од пратеникот Павле Богоевски, откако одекна снимен разговор на социјална мрежа од профил со псевдоним „Илија Громовник“, за која Богоевски тврди дека нарачува масло од канабис.

– Очекуваме сите надлежни и засегнати институции да постапат и да го разрешат случајот, особено и околу неовластеното снимање и емитување. Што се однесува до моралните аспекти, тие се на личната совест и одговорност на секој пратеник. Законите важат за сите подеднакво – вели Коста Костадинов, портпарол на СДСМ.

И портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски вели дека сите засегнати институции ќе постапат по пријавата на пратеникот Павле Богоевски.

Владата во минатото секогаш се изјаснувала кога се случувале настани со именувани функционери од Владата во однос на нивната одговорност во одредени настани коишто се случиле. Во овој случај, имајќи предвид дека се работи за пратеник, којшто е дел од законодавната власт, сметаме дека овој одговор потребно е да го дадат во Собранието. Инаку, конкретно по однос на поднесената пријава од пратеникот, можеме да кажеме дека сите засегнати институции ќе постапат според прописот со цел расветлување на случајот, особено снимањето, емитувањето на материјалот што е забранет, како и за самоиницијативно поднесената пријава од страна на пратеникот Павле Богоевск“, рече портпаролот Бошњаковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.