Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, во емисијата „360 степени“ на Алсат изјави дека хонорарците се граѓаните на Македонија кои не ги штити Законот за работни односи.

Арсовски додаде дека не го заслужуваат тоа, затоа што им се дадени професионални задачи кои ги извршиле во целост. И сега, со давањето на нивните лични податоци тие се изложуваат во јавноста. Според него, тоа е повреда на приватноста.

Во решението на Комисијата се уште стои дека не треба да се објавуваат имињата на овие луѓе. И Владата, правејќи го тој „тест“’ на штетноста увиде дека има голем јавен интерес и штетата кон лицата е помала во однос на значењето на јавниот интерес, затоа што тоа се јавни пари. Инаку прашањата од новинарот во врска со хонорарците пристигнаа кон крајот на март и ова јавноста треба да го знае, така што релативно брзо се заврши целата постапка. Во моментот кога стручните служби првично дале одговор на новинарот, процениле дека и делата за кои се ангажирани не треба да се споделат со јавноста. Затоа и направивме консултации со двете надлежни институции – изјави Арсовски.

Тој најави дека од понеделник, преку Законот за пристап до информации, сите новинари ќе имаат можност да ги добијат овие податоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.