Услов за владеење на правото во земјава се независни политичари, истакна денеска правниот експерт од Европската комисија, Рајнхард Прибе говорејќи на меѓународната научна конференција „Доброто владеење и владеењето на правото од перспектива на ЕУ интеграциите“.

Тие треба да имаат политичка волја за да го имплементираат владеењето на правото. На таков начин правниот систем ќе може да воспостави независност. Без демократско управување, не може да постои владеењето на правото, изјави Прибе.

Според вицепремиерот Бујар Османи, тоа што синоќа лидерите на власта и опозицијата не постигнаа договор, нема да влијае врз евроинтегративниот пат на државата.

Нов закон за јавно обвинителство не е еден од условите за добивање датум за преговори. Се разбира дека е важно законот за ЈО да го усвоивме пред октомври. Тоа што вчера имало долги разговори дава можност разликите да се објаснат и третираат на маса и можност да се продолжат разговорите за да се најде решение, изјави Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.