Врховниот суд ја потврди пресудата за членовите на т.н. Кумановска група во случајот „Диво Насеље“. Според одбраната, одлуката да не се повтори судењето за случајот е флагрантно прекршување на законот, бидејќи не биле земени предвид нивните докази.

Адвокатот Насер Рауфи смета дека со оваа одлука се отворила можноста предметите да бидат испратени до судот во Стразбур.

Сега имаме време и временски интервал од три месеци да поднесеме барање до Судот во Стразбур за човекови права, и оваа работа ќе ја направиме. Ние како одбрана мислам дека тимски ќе одиме со апликација за сите осуденици, рече адвокатот Рауфи.

Основниот суд Скопје на 02.11.2017 ги осуди членовите на Кумановската група обвинети за тероризам на вкупно 746 години затвор за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово.

Вкупно 37 лица се обвинети за тероризам, од кои 7 се осудени на доживотен затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.