Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, го оцени како смешен чин менувањето на имињата на неколку училишта во Општина Чаир, со оглед на тоа што се прави на еден месец пред избори, од партија која е на власт 18 години.

„Имајќи ги сите инструменти на власт, ДУИ 18 години не успеаја да ги сменат имињата на училиштата и сега на само еден месец пред изборите ги сменија. Ја поздравувам оваа одлука, но требаше уште многу порано да се направи, а не сега. И Заев вели дека оваа одлука е незаконска. Мислам дека е многу некоректно пред народот да се прават овие игри што ги направиле исто како што ги направија и со ВМРО-ДПМНЕ. Истата работа се повторува. Сметам дека треба да се занимаваат со инфраструктурата на училиштата. Имињата на училиштата требаше да ги сменат, но не сега еден месец пред изборите“,

рече Таварави на денешната прес-конференција.

На новинарско прашање да ја коментира денешната објава на Заев на Фејсбук дека менувањето на имињата на училиштата е законско, Таравари посочи дека Заев е препознатлив по тоа што преку ден ги менува ставовите три-четири пати.

„Јас не можам да ги слушам сите промени на ставовите што ги прави. Вчера прочитав дека негов став е дека одлуката е незаконска, денеска може да каже дека е законска, но може вечер да излезе и да каже да се вратат старите имиња на училиштата“, рече Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.