Генералниот секретар на Алијанса на Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вели дека ја прочитал Резолуцијата која до Собранието ја достави ВМРО-ДПМНЕ и оти во неа нема ништо спорно. Сепак, тој не откри дали неговата партија ќе ја поддржи Резолуцијата, објаснувајќи дека за тоа Алијанса сѐ уште нема разговарано.

Сепак политичка партија треба да донесе одлуки во полн состав по партиските тела и тоа ќе биде конечно и дефинитивно. Да видиме како ќе се движат работите. Кога ќе дојде тоа во Парламентот. Ако не дојде во Парламентот, што е битно како размислуваме ние и што размислуваме ние? Така што, нека влезе тоа во процедура, па ќе се изјасниме како партија, рече Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.