По денешните пресуди за настаните од „27 април“ големо влијание за судечкиот совет имаше комуникацијата што поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска ја имала со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Од она што можеше да се слушне низ рочиштата, токму Канческа била главен координатор на тоа што се случувало на протестите „За заедничка Македонија“ во делот на организација на реквизити и настапи на пејачи и артисти.

Ристовски презентираше на минатите рочишта и дел од пораките од Канческа во која таа вели „Леле леле народ, пу пу убавина“.

Во друга таа му вели „Тоа е она што ти кажував дека треба атмосфера“.

Ристовски вели дека комуникацијата со Канческа завршила 40 дена пред немилите настани.

Како е можно да сум сум ги организирал протестите, а немав никаква комуникација со организаторите. Јасно е дека не можам да се грижам за настапите, а да немам контакт со организаторите – додаде Ристовски.

И пораките испратени од Канческа-Милевска се дел од доказите, а како што објасни Русковска, таа не е обвинета бидејќи освен дека организирала настапи немало други докази против неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.