Директорото на Центарот за управување со кризи не гледа ништо лошо што на социјалните мрежи коментирал за нешто што не било вистина.

Ангелов појасни дека било лажна вест дека од австриските пожарникари е украдена пила и дека тој сакал да се пошегува кога ги посочил припадниците на ВМРО-ДПМНЕ, коишто помагаа околу гасењето на пожарите, како виновници за наводната кражба на пилата.

Тогаш напишав саркастичен твит кој гласеше „Да бидам искрен и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожаникари, а и како да не поверувам кога токму тој ден околу Австријците се моташе делегација на ВМРО-ДПМНЕ“. Ова е обичен твит кој за твитер е нормален, каде преку исмевање укажувам на абсурдот дека е украдена моторна пила. Најмалку јас помислив дека член на делегација на ВМРО-ДПМНЕ украл моторна пила. Се работеше за шега, доколку некој се пронашол во овој твит јас се извинувам немав лоша намера – изјави Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.