Изминативе 7 дена, 3270 граѓани примиле бесплатна вакцина против сезонски грип во здравствените домови и општите болници низ државата. 126 граѓани преку матичен лекар резревирале термин, но не се појавиле на закажаниот пункт, не дошле да се вакцинираат, соопштуваат од Министерството за здравство.

Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на 6 пункта на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес,Неготино,Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово,Кратово, Крива Паланка, Берво, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се вршти во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци.

Според утврдениот протокол за системско менаџирање, на термините за вакцинација, секој петок од тековната недела се отвараат термини преку системот Мој термин. Оваа пракса годинава е воведена бидејќи се наоѓаме во период на вонредна здравствена состојба каде физичка и временска дистанца помеѓу пациентите се клучен фактор за зачувување на здравјето на луѓето во овој момент. Од таа причина системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор, велат од МЗ.

Министерството за здравство информира дека вакцини има за сите и апелира до граѓаните кои закажале термин за вакцинирање да се појават на пункт за вакцинација, доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат.

Вакцините се бесплатни за ризичните групи: лица постари од 65 годишна возраст, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до пет години, хронично болни лица, како и за здравствени работници во соодветни термини обезбедени за секоја категорија поединечно, со што ќе се задоволат потребите за имунизација на општото население.

Минатата недела почна вакцинацијата во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје. За само неколку часа се потрошија околу 2 000 вакцини против сезонски грип. Ова беа комерцијалните вакцини, за кои граѓаните плаќаат 800 денари. Граѓаните и матичните лекари реагираа дека немало никаков ред во закажувањето на термините за вакцинирање.

Пуштените термини беа закажани за само неколку минути тотално рандом, кој стигна фати термин, останатите? Како да им објасниме на пациентите дека некој има закажано а некој не,
дека се спроведе “игра на брзи прсти” за закажување? Бројката на вакцини/термини е премала и не ги задоволува потребите, реагираше матичниот лекар Ненад Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.