Радмила Шекеринска како да не ја видела бомбата на која таа наводно е на гости во домот на Боки 13 заедно со Катица Јанева. Веќе втор молк на оваа тема од министерката за одбрана, која иако си тера кампања низ Македонија не кажува ни збор за овој видео материјал.

Додека Шекеринска молчи, реагираа од СДСМ. Од таму за Алфа не демантираат дека на снимката е министерката, но сепак наместо прецизен одговор, решија да ја нападнат опозицијата.

-Фотографии и видеа кои со месеци се пласираат од ВМРО ДПМНЕ со цел да се прикаже наводна поврзаност на министрите на СДСМ со веќе осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева се јалов обид за дискредитација во кампањата. Правната разрешница на овој случај е најдобриот демант за тоа дека министерката Шеќеринска или било кој друг од СДСМ е инволвиран во овој случај, велат за Алфа од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.