Претстојат претседателски избори, набзро и официјално почнува кампањата. Кои се вашите очекувања?

Лазарев: Очекувам фер и позитивна кампања од сите кандидати за претседател. Иако кандидатите за претседател изјавуваат дека ќе водат позитивна кампања, секојдневно некои истурени играчи, „независни експерти“, објавуваат дека за кандидатот на опозицијата професорката Сиљановска ќе го изнесат валканиот веш. Тоа е спротивно на јавното декларирање за фер и позитивна кампања. На Македонија пред се, и се потребни кристално чисти избори за да може да се надева на датум за преговори за влез во Европскат унија.

Од друга страна имајќи го искуството од референдумот каде на некои избирачки места „гласаа“ на секои две и пол секунди по еден гласач, оправдани се сомнежите дека тоа би можело да се повтори и на претстојните претседателски избори.

Што велите кандидатите за претседател кои се декларирани како натпартиски кандидати?

Лазарев: Прв пат во Република Македонија партиите од опозицијата на чело со ВМРО – ДПМНЕ подржуват натпартиски кандидат. Мое мислење е дека Сиљановска, како професор по уставно право е одличен кандидат за функцијата претседател, бидејќи нејзина задача пред се ќе биде да го штити уставот на Република Македонија. Таа е ценет професор од своите колеги на најстариот и најдобриот универзитет во Република Македонија за што зборува и фактот дека првичната иницијатива за нејзино кандидирање ја дадоа токму нејзините колеги од повеќе факултети.

Што очекувате, кој би победил на изборите?

Лазарев: За Република Македонија ќе биде многу добро да победи кандидатот на опозицијата. Тоа е добро и за партиите на власт. Тоа ќе доведе до каква таква поделба на власта и ќе има претседател кој ќе умее и знае да стопира некои погрешни проекти на власта. Такво искуство имавме од 2002 до 2004 година кога на власт беше СДСМ, а претседател Борис Трајковски и од 2006 до 2009 кога на власт беше ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, а претседател беше господинот Бранко Црвенковски.

Со победа на Сиљановска – Давкова очекувам таа да биде претседател на сите граѓани на Република Македонија без оглед на политичката, националната или верската припадност и совесно и одговорно да ја извршува нејзината функција согласно Уставот и законите на Република Македонија.

Како гледате на ситауцијата во државава, низа на крупни настани, промена на име на државата, договори со Грција и Бугарија…?

Лазарев: Живееме во надеж дека ќе го добиеме датумот за почеток на преговори со Европската унија. Тоа ќе се знае за неполни три месеци, дали ќе го добиеме долгоочекуваниот датум или не знам по кој пат ќе бидат изневерени нашите очекувања.

Од друга страна актуелната власт наместо да се фокусира на развојот на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, тие се фокусирани на апсења на поранешните функионери, сега опозизионери. Имам впечаток дека тие целиот свој мандат ќе го потрошат на апсења и судења, спротивно од тоа што го ветуваа во изборната кампања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.