Премиерот во заминување Зоран Заев денеска говореше на руски бизнис-форум посветен на економските врски меѓу двете земји. Тој во говорот истакна дека oдносите се добри но оти има простор да се подобруваат.

Односите со Руската Федерација се традиционално пријателски, но потенцијалите во делот на економијата не се доволно искористени и во овој сегмент мора да работиме – истакна премиерот во заминување.

Ова се сосема нова реторика на Заев кога станува збор за односите во официјална Москва и се случува по дебаклот во Брисел каде Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Изминативе три години, премиерот во заминување Заев постојано даваше изјави против Русија и руските власти па дури и ги обвини за државен удар и поттикнување насилни протести во Македонија.

За време на посетата на Црна Гора, Заев ја обвини Русија дека сака да го спречи влегувањето на Македонија во НАТО и оти ситуацијата е : „Copy-paste“ како со црногорскиот случај.

Русија дури и не ја крие својата непријатност од приближувањето на Македонија во НАТО – рече Заев во Црна Гора.

Пред референдумот пак Заев изјави дека неговата влада добила повеќе информации дека „грчки бизнисмени“ што „ѝ се наклонети на руската кауза“ им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство.

Странските сојузници на Русија плаќаат илјадници долари за да поттикнат насилство за да ја спречат Македонија да се приклучи кон НАТО, изјави македонскиот премиер во заминување за американскиот веб-сајт Базфид.

Минатата година власта протера еден руски дипломат поради случајот Скрипал, на што официјална Москва одовори дека „соодветно ќе одговорат“.

Последен пат Заев индиректно ја посочи Русија по средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски со амбасадорот во земјава. На партиска трибина премиерот во заминување Заев обвини за тајни пактови и сценарија со трети страни и оти опозицијата се радува на неуспехот во Брисел.

Сѐ уште е свеж испадот на Саше Политико, кој го чекаше Мицкоски пред руската амбасада за да исценира тајна средба меѓу лидерот на опозицијата и руските дипломати.

Од кујната на СДСМ, набрзо потоа, излезе лажна вест, според која Мицкоски наводно добил 1.6 милиони евра и строг инструкции од руски дипломати за да ѝ наштети на Македонија на евроатлантскиот пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.