Упатство за изборна победа испратено од генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски до општинските изборни штабови на СДСМ кружи на социјалните мрежи. Во него се даваат насоки и доволно време од 20 јануари, веднаш по Водици, до 12 април, социјалдемократите да извежбаат „лепо понашање“ и скромност, кореографска точка која ќе кулминира со победа на изборите на 12 април.

Николовски ги подучува своите приватни патувања, одмори, седење во кафеани, кафетерии и ресторани „не треба да има“, а свесен дека ќе има, во следната насока потенцира фотографии воопшто да нема.

Бар да не гледа народ.

Но, лесно ќе беше да се добиваа избори со лажна скромност…

Очигледно е дека Николовски добро си ги познава своите. Бидејќи социјалдемократите се познати мераклии, реакциите на социјалните мрежи се соодветни. Кој ќе „ломи чаше од кристала“ прашува Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој очекува кафеанџиите да излезат на протест пред Бихаќка во секој момент, ова ќе биде голем удар врз нив.

Кој сега ќе “ломи чаше од кристала”?
Се очекува кафеанџиите да излезат на протест пред Бихачка во секој момент, ова ќе биде голем удар врз нив. Обајави на Фејсбук, Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.