Јавното обвинителство ќе мора по допрен глас да спроведе истрага за наводите дека Катица Јанева како одговорно лице заедно со своите соработници од СЈО нелегално дозволила на телевизиска емисија да бидат прикажани класифицирани документи означени како „Државна тајна”.

Овие документи со информации кои треба да се строго чувани се појавуваат во емисијата „Чарлиевите ангели”. Доколку се работи за документи кои што не се декласифицирани тогаш Катица Јанева како одговорно лице се соочува со кривичен прогон.

Документот се појавува во кадар од документарниот филм кој ја прикажува работата на сите обвинители и на целокупниот тим на Специјалното јавно обвинителство.

Класифицираниот документ е во посед на вработени во СЈО кои не и се познати на јавноста но одговорноста е кај Јанева која дозволила снимање во СЈО и не направила авторизација на материјалот во кој има и државни тајни.

Документарниот филм претставува независно авторско дело чие снимање беше со дадена согласност на Специјалниот јавен обвинител. Во оваа прилика ѝ појаснуваме на јавноста дека филмот ја прикажува работата на сите обвинители во ова Јавно обвинителство, а меѓу кои се и јавните обвинители Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, како и работата на целокупниот тим на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, беше наведено во април лани во соопштение од СЈО во врска со најавите за телевизиско прикажување на документарниот филм со наслов „Чарлиевите ангели”.

Дали во случајов има основа за кривичен прогон на Јанева за објавување документи со назнака државна тајна ќе треба да проценат Јавното обвинителство и другите овластени институции за контрола на ваков вид класифицирани документи.

Извор: Експрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.