Централната изборна комисија, задолжена за спроведување на вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, коишто ќе се одржат в недела, на 12 декември, информира дека согласно Правилникот за постапката и роковникот, активно се регистрирани 51 228 членови на СДСМ а пријави се пристигнати и по истекување на предвидените рокови.

Партиската комисија донесе одлука да им се овозможи на сите членови кои поседуваат електронска членска картичка да се регистрираат на самото гласачко место и да гласаат на вонредните внатрепартиски избори.

Гласањето на вонредните избори на 12 декември ќе се одвива на 194 избирачки места низ општинските организации ширум државата, почнувајќи од 8 часот наутро, се до 19 часот, информираат од владејачката партија.

За време на минатите непосредни внатрепартиски избори во март, премиерот Зоран Заев како единствен кандидат доби нов мандат како претседател, а право на глас имаа 68 999 членови на партијата кои го ажурираа своето членство За Заев гласаа 60 840 социјалдемократи со право на глас, 888 биле „против“ и имало 249 неважечки ливчиња.

На овие избори Заев нема да учествува, а кандидати за него наследник се Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.