Со денешните завршни зборови за настаните пред Општина Центар од 2013 година конечно завршува овој случај. На општо изнанадување Обвинителката Фатиме Фатаи во четвртокот достави сосема нов обвинителен предлог во кој го повлече обвинението за тројца обвинети без да презентира дополнителни аргументи и факти.

Во новото обвинение нема посочено којдиректно и издавал инструкции на насобраните луѓе.откако во старото, за ова се товареше сега ослободената Даниела Рангелова заедно со осудените Томислав Лазаров и Јордан Ристовски.

Во старото обвинение, обвинителите ги посочуваа Ристовски, Лазаров и Рангелова дека преку пораки им кажувале на присутните предопштината како да се однесуваат.

Адвокатот Еленко Миланов, бранител на Миле Јанакиески, тврди декаподнесувањето на ново обвинение е поради тоа што Јанакиески успеал
да ги оспори сите докази на Обвинителството.

Доколку немало ново обвинение Јанакиески ќе требаше да биде ослободен од вина.
Ако се направи анализа на она што се случуваше во овие четири години може да се заклучи дека утре ќе му се суди само на Јанакиески бидејќи Лазаров се договори и доби условна казна а Рангелова ја ослободи Обвинителството.Груевски пак е помилуван за ова дело и не може да одговара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.