Два авиони за малку ќе се судреле на македонското небо, на осми мај, поради негрижа на македонската контрола за летање, која не успеала да ги координира авионите, па снаодливоста на пилотите спречи огромна трагедија – дознава Економски Лидер.

На осми мај оваа година, огромна катастрофа е избегната на македонското небо. Овој скандал кој М-НАВ го крие веќе два месеци, Економски Лидер ексклузивно го објавува.

Контролорот на летање и близок пријател на претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Николче Тасески, издавајќи погрешна инструкција буквално довел два авиони во состојба да се судрат. Има укажувања дека погрешната инструкција директно предизвикала целосно да се изгуби контрола над ситуацијата, а пилотите биле оставени сами на себе. Благодарение на алармот на инструментите во пилотските кабини, пилотите спречиле голема трагедија – дознава Лидер.

Во овој инцидент инволвирани се два авиони:
– Првиот авион на линија Атланта – Истанбул, на компанијата „Туркиш ерлајнс“, тип ербас А330-200, со регистрација TC-JND регистриран во Турција кој може да носи 335 патници и
– Вториот авион на линија Тел Авив- Амстердам,на компанијата „Трансавиа“ TRA5800, тип боинг 737-7К2, со регистрација PH-XRD регистриран во Холандија, кој може да носи 149 патници. Повеќе на Лидер.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.