За обичните смртници важат сите закони, а за моќниците се отвараат и кафани после полноќ, реагираат корисниците на социјалните мрежи коментирајќи ја фотографијата на која се гледаат струмичкиот пратеник Костадин Костадинов и кандидатот за градоначалник на Штип, докторот Сашко Николов, како гушнати и весели прославуваат за вчерашните избори доцна во ноќта.

Ко то тамо пева после 21:00 часот, во штипски Локал на познат бизнисмен?
За обичните смртници важат СИТЕ закони, а за моќниците се отвараат и кафани после полноќ!
Мандатот почна со прекршоци…, коментира корисник на „Твитер“ додавајќи го и слоганот „Во сигурни раце“, кој Николов го користеше за својата кампања сред корона.

Иако поради пандемијата со коронавирусот во сила е забрана за работа на угостителски објекти по 21 часот, објавеното инстаграм-стори го прикажува славјето во еден локал во Штип доцна во ноќта.

Костадинов и Николов над законите! Корона избори следени од корона прослава во недозволено време.
Фотографии од кафеана на Костадинов и Николов по 21 часот. Ама нема специјалци да упаднат како во Дебар Маало; Ја нема онаа Проја да припаѓа пред вратите; Ја нема медиумската хистерија на СДСМ, коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Фотографии на кои раководството и високи функционери од СДСМ ја прославуваат вчерашната победа на локалните избори во Штип, уште вчера ги разбеснија граѓаните. Во центарот се насобраа симпатизери на партијата, а јавноста реагираше што за нив не важат истите закони како и останатите.

Врвот, секако, беше прославата со блех музика, додека веќе со недели нема намалување на бројот на починати лица од ковид-19.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски, оценија дека овие избори биле безбедни по здравјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.