Есенскиот корона бран полека се чувствува и во судовите, каде судењата се одложуваат поради лицата кои се заболени или се во изплација поради контакт со заболени. Така „Таргет-Тврдина“ не се одржа поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијаков кој е позитивен на Ковид-19, а се одложи и судењето за 27 ми април, бидејќи Трајко Велјановски и Спиро Ристовски се во самоизолација поради контакт со заразени лица, а и еден од адвокатите е болен. Претходниве денови и други големи предмети се одлжија поради изолации на обвинети и адвокати. За да не дојде до трансмисија на болеста во судница, адвокатот Еленко Миланов бара од Комисијата за заразни болести да направи протокол.

Секојдневно се соочувам со тоа да бидам во судница на мало растојание со повеќе од педесет лица со кои и да сакаме не можеме да бидеме на потребното растојание и прашање е дали само маските се доволна заштита. Во судница останувам по два, но и по пет часа со одредни паузи, но најмалку два часа без пауза – вели Миланов.

Ситуацијата во судовите покажува дека шестмина вработени во судот се позитивни на Ковид-19 а уште 15-тина се во самоизолација потврдуваат од таму. Уверуваат дека преземаат мерки за да не се шири болеста ниту меѓу вработените, ниту во судниците.

Кривичниот суд ги почитува протоколите и мерките на здравствените власти што важат за сите институции. Се дезинфицираат простории, се носат маски, се внимава на дистанца, на шалтерите и во ходниците има гелови за дезинфекција, тврдат од Крвичниот суд

Изолациите траат по најмалку две недели поради што се одлагаат и дел од идните термини за судење.

А обвинетиот Миле Јанакиески кој е обвинет во 7 предмети повторно преку неговиот адвокат се пожали дека секојдневно има термини за судење, а се случувало и во ист ден да треба да се јави и на две до три различни судења. Адвокатот Миланов вели немаат време да се подготвувата за испрашување на сведоци и вештаци. Треба да подготвуваат одбрана а не да бидат слика во судница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.