Македонија пред нов срам, коментира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за веста што ја објави порталот МКД.мк дека уште четири старешини не добиле безбедносен сертификат од НАТО.

Откако стана члена на НАТО мора да се направи проверка на сите високи старешини во АРМ. Од нив прво двајца, а сега уште дополнителни четворица не добија НАТО сертификат. Истиот не се добива заради контакти или шпионажа во корист на непријателски земји, пишува Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги прашува министерката за одбрана Радмила Шекеринска и врховниот командант на вооружените сили Стево Пендаровски како двајца најодговорни за Армијата со кои странски служби овие лица комуницирале или за кого шпионирале.

Дали овие четири високорангирани лица се генерали, највисокиот чин во Армијата, прашува тој.

Ова е срам за Македонија! Ова е срам за власта која потроши многу пари и енергија да се претстави себе како прозападна, а во своите редови има лица кои работат против интересите на Македонија и НАТО, пишува Николоски.

Очигледно лесно е да се лупаат во гради, ама тешко е да сработат по НАТО стандарди. Немаат време затоа што го трошат на бизниси и лични интереси! Одговорност е потребна! Оставка на Шекеринска од Министер за одбрана е првиот чекор, побара тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.