Коалицискиот партнер на СДСМ и премиерот Зоран Заев, претседателот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, вели дека Македонија е високо криминализирана држава со партизирани институции.

Прво мора да знаеме дека сме високо криминализирана држава, дека криминалот и корупцијата заедно со високата партизација на сите државни институции полека ја нагризуваат државата, ја јадат државата. И тоа е факт, дециден е Трајанов.

Ние не изградивме ефикасен систем за борба против корупцијата, рече тој.

Според Трајанов, во Македонија има селективна борба против корупцијата бидејќи институциите се под диктат на претседателот на владата и партијата која е на власт.

Системот кој што постои значи високата партизација, каде што партијата на власт која што ќе дојде ги поклопува сите институции, тие не се самостојни, не функционираат, работат под диктат на претседателот на Владата, на партијата што е на власт и затоа ние имаме селективна борба против корупцијата или не е ефикасна, смета Трајанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.