Откако пратеничката на СДСМ   Бисера Костадиновска Стојчевска се пофали дека иако е позитивна на корона ќе дојде во Собрание да ги гласа законите граѓаните со право реагираат дали за нив важат едни закони а за пратениците други.

Тие прашуваат според кој протокол позитивен пратеник, па макар и во скафандар излегува надвор па макар тоа било и во Законодавниот дом.

Доколку тоа го стори обичен граѓани следуваат високи казни од неколку илјади евра. Позитивен од корона може да се движи само со дозвола од полицијата и тоа исклучиво на лекар или во аптека. Присуство во Собрание не стои во законот.

Но, очигледно ако си пратеник од власта важат други закони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.