И Куманово има проблеми со потрошувачката на електрична енергија по енормното зголемување на цената на гасот.

Ние сме една од ретките општини што вложи во гасификација на општината и нашите заштеди во континуитет ги постигнувавме. Меѓу првите направивме јавно приватно партнерство со улично осветлување и направивме 80% заштеда на потрошувачка енергија. Градот свети за многу помалку пари и останува во буџетот. Но, генерално ние зборуваме во пресрет на најголемата криза за решавање на проблеми. Тоа всушност требаше да се превенира уште претходната година кога беше најавена оваа енергетска криза, а имам чувство дека многу малку се направи за тоа, со прст не се мрдна да се помогне на најзагрозените сегменти, тоа е пред се малото, големото стопанство, за големите потрошувачи требаше да се има голема државна стратегија како да се превенира сето ова, рече Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.