Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 Степени“, рече дека очекува за една недела да се постигне договор околу предизборна коалиција на албанската опозиција.

Доволно е да се согласиме, бидејќи јас не гледам дека има некоја друга форма. Јас дадов и друг предлог, да останам верен на дадениот збор на вториот круг од локалните избори, мислам дека од ова студио сум го кажал. На вториот круг од локалните избори освен што се договоривме во вториот круг да се поддржиме меѓу себе, нашите кандидати насекаде, дадовме збор и подадовме рака дека на парламентарните избори кога и да се случат тие, ние ќе влеземе заедно на тие избори со делење половина-половина. Алијансата со Движењето Беса. Тогаш Беса беше една не беше поделена. Не верувам дека заедно тие ќе можат да ја поделат едната половина за да влезат во коалиција. Но јас во принцип се согласувам како и да се договорат тие, да го почитуваме дадениот збор и таа подадена рака. Ако ова не важи, тогаш треба да важи анкетата. Ние сме подготвени, бидејќи сметаме, а тоа го покажуваат сите анкети, нашата предност во однос на двете партии е доста голема. Ние конкурираме на ДУИ, а не на другите политички партии. Ние сме подготвени за оваа коалиција да функционира, ако анкетите покажат две, ние сме подготвени да дадеме три. Ако покажат три, ние да дадеме четири, само да дадеме наш придонес оваа коалиција да функционира. Но ќе кажам и друго, бескрајно е сигурно дека оваа наша понуда нема да ја пропуштат. Верувам за една недела ние ќе ја завршиме за да бидеме коректни и кон јавноста и јасно ќе се знае со кој ќе коалицира Алијансата за Албанците. Како и да е најдобрата коалиција која може да ја направи една партија е да коалицира со вистинската опозиција, а вистинскиот опозиционер е граѓанинот, гласачот кој е објект на одлуките што ги носи Владата. Жртва е кога одлуките се лоши и секако, почестен кога тие се добри. Затоа, опозиција е таа. Ние работиме во насока на постигнување сеопфатна коалиција освен политичките партии, тука е граѓанскиот сектор кој, еве ние работиме, веднаш откако ќе постигнеме некоја комбинаторика со овие партии кои се спомнаа, ние веднаш по ова ќе седнеме и ќе разговараме и со граѓанскиот сектор за листата да биде по сеопфатна, вели Села.

Села кажа дека веќе имал две средби со претседателот на Беса, Билал Касами и две средби со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, а дека се среќаваат и партиските групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.