За еден месец од ковид-19 во Македонија починаа 209 пациенти, покажува статистиката што ја објавува Институтот за јавно здравје. Најмногу починати досега во еден ден имаше во неделата, на 25 октомври, кога Министерството за здравство информираше дека 22 пациенти ја загубиле битката со болеста.

Досега, од кога е почната епидемијата, во Македонија има 934 смртни случаи како последица од ковид-19.

Заклучно со вчера, активни случаи се 7.317, од кои повеќе од половината – 3.490 се во Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера рече дека огромен процент од починатите пациенти , над 85 отсто имале тешка форма на некоја друга хронична болест, како и дека голем дел многу доцна доаѓаат во болница.

Според последните бројки од Министерството за здравство, објавени вчера попладне, во моментов хоспитализирани се вкупно 622 пациенти позитивни или суспектни на ковид-19.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.