Пратеникот на ДУИ Арбр Адеми во емисија на Алсат-М телевизија, рече дека Собранието не се соочува со недостиг на кворум и оти функционира нормално. Според него, потребни се 61 пратеник за правилно функционирање на законодавниот дом, а сегашното парламентарно мнозинство има 62.

Во наши околности, во нашето Собрание треба да имаме минимум 61 пратеник, додека во нашиот случај имаме 62, додека природната тенденција е да обезбедиме поголемо, постабилно мнозинство и тоа е сосема во ред. Но, за волја на вистината, постои мнозинство. Парламентот работи. Ова е резултат на политичката зрелост на различните парламентарни партии кои учествуваат во Собранието, можеби секој ја разбира тежината на одговорноста што ја има. За волја на вистината досега немаше проблеми во функционирањето во работата на Собранието, рече Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.