ДУИ смета дека можноста за избор на полковник од армијата на челот на МВР треба да го оценуваат институциите.

ДУИ смета дека процедуралните аспекти треба да ги решаваат надлежните институции, а не партиите. Треба да се земе во предвид евалуацијата на релевантните институции, притоа почитувајќи го принципот политичките партии да имаат автономија и одговорност да номинираат кандидати за различни позиции, велат од партијата.

За Беса, важно е техничката влада да организира фер и демократски избори.

Видовме дека техничката влада се очекува да биде формирана како влада што ќе овозможи изборите да се одржат фер и демократски според европските стандарди. Во однос на предложените кадри, Движењето БЕСА не ги гледа како решение за проблемите на Владата во многу области. Важно е оваа влада да организира слободни, фер, демократски и неспорни избори, велат од Движењето БЕСА.

Но, од Алијансата за Албанците велат дека на чело на МВР треба да е лице од граѓанскиот сектор.

Ние сметаме дека предложените имиња се оценка на самите субјекти. Што се однесува до министерот за внатрешни работи за кој помалку се знае, сметаме дека би било многу подобро тој да биде лице кое доаѓа од граѓанскиот сектор со оглед дека станува збор за чувствителен сектор и е поблизу до граѓаните отколку до одредени безбедносни органи. Веруваме дека техничката влада треба да ја задржи својата улога според законот предвиден со Договорот од Пржино, односно да ја подготви земјата за избори”, рече Флакрон Беџети, Алијанса за Албанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.