Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, денеска беше поканет на церемонијата на доделување на сертификати, за присуство на обука за превод и лекторирање од македонски на албански и од албански на македонски јазик, организирана од Агенцијата за примена на јазиците.

Како резултат на исполнувањето на обврската што произлегува од Законот за примена на јазиците, сите институции во земјата треба да креират нови организациони облици и работни места.

Министерството за информатичко општество веќе го создаде своето одделение со цел примена на јазикот и е посветено и подготвено да ја помогне и поддржи секоја институција во земјата да ги создаде овие сектори.

Во исто време, ја користам оваа прилика да им честитам на сите вработени кои присуствуваа на оваа важна обука, која е многу неопходна за нивниот професионален развој, рече Шаќири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.